Интерен оглас бр 01/2018

Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници(„Службен весник на Република Македонија" бр.27/14,199/14, 48/15, 154/15, 5/15, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија" бр. 11/15 и бр. 35/18), Кабинетот на претседателот на Република Македонија објавува:

                                                                                      ИНТЕРЕН ОГЛАС БР 01/2018
         за унапредување на административни службеници во Кабинетот на претседателот на Република Македонија

Кабинетот на претседателот на Република Македонија објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници на следните работни места:

1.
УПР 0101В01000 Советник за билатерални односи, Одделение за билатерални односи и соработка, Сектор за надворешна политика - 1 (еден) извршител

Посебни услови:

- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
правни науки или политички науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и работно искуство, и тоа:
- најмалку три години работно искуство во струката
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:

работни часови во неделата: 40 часа,
работно време од понеделник до петок
влез 07:30-08.30, излез 15:30-16:30 часот
Паричен износ за основна нето плата 25.023,00денари

2. УПР 0101В01000 Советник за мултилатерални прашања,Одделение за мултилатерални односи и соработка, Сектор за надворешна политика -1 (еден) извршител

Посебни услови:

- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
правни науки, економски науки или политички науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и работно искуство, и тоа:
- најмалку три години работно искуство во струката
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:

работни часови во неделата: 40 часа,
работно време од понеделник до петок
влез 07:30-08.30, излез 15:30-16:30 часот
Паричен износ за основна нето плата 25.023,00денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните услови

Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, при оваадминистративниот службеник треба да ги исполнува и следниве услови:

- да е оценет со оценка „А" или „Б" при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кабинетот на претседателот на Република Македонија до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси, осносно на следната електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

- потврди за успешно реализирани обуки
- потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и веб страната на Агенцијата за администрација.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.


ПРИЈАВА