2019 година
07.01.2019-Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова и синот Иван, присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски", во Скопје.
07.01.2019 - Божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје

06.01.2019-На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ“ од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓање.
06.01.2019 - Бадник во домот на семејството Иванови

01.01.2019-Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.
01.01.2019 - Посета на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево