Средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Р. Македонија, г-ѓа Одри Гловер
Петок, 22 Септември 2017   

PRM_GloverПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорот  г-ѓа Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

На средбата, претседателот Иванов истакна дека сите институции инволвирани во изборниот процес, вклучително и политички партии треба да придонесат во спроведувањето на фер и демократски избори, преку безусловно почитување на законските прописи и во согласност со достигнатите демократски придобивки и европските стандарди, водејќи сметка за државните и за интересите на граѓаните.

„Очекувам, како и секогаш досега, изборниот процес да помине во најдобар ред и во демократска атмосфера, но морам да истакнам дека сите учесници во изборниот процес носат политичка одговорност и должност да ги почитуваат изборните правила и закони", потеницираше претседателот Иванов.

Посочувајќи дека спроведувањето на изборниот процес е еден од клучните критериуми за исполнување на стратешките цели на Република Македонија, претседателот Иванов изрази очекување дека изборниот натпревар ќе биде регуларен и конструктивен и ќе претставува борба на предлози и идеи, а не само борба за локална власт.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ го запозна претседателот Иванов со нивните претстојни активности поврзани со изборниот процес.Македонскиот претседател изрази очекување дека набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, како и досега, професионално ќе ја извршува својата задача во рамките на својот строго утврден мандат.

  Back<<Назад