Средба на претседателот Иванов со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г. Бујар Османи
Понеделник, 31 Јули 2017   

PRM_OsmaniПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г. Бујар Османи.

На средбата, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г. Бујар Османи го информираше претседателот Иванов за „Планот 3-6-9", во кој се содржани предлог-реформите кои произлегуваат од програмата за работа на Владата 2017-2020.

На средбата, претседателот Иванов побара решенијата во реформите на Системот за безбедност и одбрана да бидат во согласност со уставните обврски на Советот за безбедност на Република Македонија, додека за заканата од илегална миграција, македонскиот претседател побара да се постапува во согласност со воспоставената процедура во Законот за управување со кризи.

  Back<<Назад