Средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии на Република Македонија во странство
Среда, 29 Декември 2010   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска оствари работна средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии на Република Македонија во странство.

На средбата Претседателот Иванов од македонските дипломати беше информиран за активностите извршени во текот на 2010 година. Претседателот оцени дека македонската дипломатија генерално била ангажирана во исполнувањето на главните стратегиски задачи. Претседателот го истакна продлабочувањето на партнерските односи со повеќе држави и институции; успешното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа; потврдената препорака на Европската Комисија за македонската подготвеност за отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија и повеќе други постигнувања во годината што изминува.


Претседателот Иванов додаде дека сепак, останува уште многу да се направи за да се исполнат очекувањата на граѓаните. Според Претседателот, македонските акредитирани дипломати треба да добијат можност поактивно и послободно да ги застапуваат интересите на Република Македонија, согласно утврдените приоритети на надворешната политика. Претседателот Иванов истакна дека во овие напори и активности диипломатите ќе ја имат неговата конкретна и целосна подршка.

  Back<<Назад