Средба со Министерот за одбрана и со генералите на Армијата на Република Македонија
Вторник, 28 Декември 2010   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска оствари работна средба со Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски и со генералите на Армијата на Република Македонија.

На средбата, беа одбележани најважните активности во доменот на одбраната на Република Македонија во текот на 2010 година. Претседателот Иванов го поздрави донесувањето на Стратегијата за одбрана и Структурата на силите на Армијата на Република Македонија, како два документи од долгорочна стратегиска важност.

Тема на разговор беа мисиите на Армијата на Република Македонија во рамките на меѓународните мировни коалиции во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан. Оценка на средбата беше дека мисиите се одвиваат успешно, согласно очекувањата. На работната средба беа разгледани и други прашања кои се однесуваат на подобро функционирање на одбраната на Македонија, согласно новите безбедносни предизвици.

  Back<<Назад