Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Петок, 13 Октомври 2017   

smena_zname_15Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, присуствуваа ученици од ОУ „Димитар Миладинов" и  ОУ „Кирил Пејчиноивиќ" од Скопје, ученици од ОУ "Кире Гаврилоски-Јане" и Гимназијата „Мирче Ацев " од Прилеп, како и деца од ЈУДГ „ 25 Мај", објект „Сонце" од општина Гази Баба и од градинката „Лилипут Дворче - Скопје".

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад