Неопходни се современи услови и средства за АРМ за предизвиците во 21 век – претседателот Иванов присуствуваше на вежбата „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“
Понеделник, 09 Октомври 2017   

Krivolak1Како Врховен командант секојпат сум настојувал да го добиете она што ви припаѓа. Вам ви е неопходно современи услови и современи средства за војување и спротивставување со предизвици кои се доминантни во 21 век, порача Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој денеска присуствуваше на тактичката вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад", што на армискиот полигон „Криволак" ја изведоа припадните на Армијата на Република Македонија.

„Вежбата беше импресивна не само со тоа што беше користена боева муниција, туку на оваа вежба покажавте подготвеност за соочување со најсериозни предизвици. Ова ги потврдува оценките што ги добивате кога учествувате во мировните мисии, но и оценките кога учествувате во вежбите со нашите партнери. Уште еднаш сакам да ви честитам за вашата подготвеност, за сето ваше знаење, за сите ваши вештини и вашата пожртвуваност", рече претседателот Иванов.

„Како Врховен командант секојпат сум настојувал да го добиете она што ви припаѓа. Вам ви е неопходно современи услови и современи средства за војување и спротивставување со предизвици кои се доминантни во 21 век. Посакувам и во иднина сето ова знаење и сите овие вештини да ги користите за да ја оправдате довербата која во вас ја имаат македонските граѓани, кои немаат можност ова да го видат, но ве гледаат кога помагате и се соочувате со елементарни непогоди, кога им помагате при поплави и пожари. Затоа, таа доверба кон вас е толку голема", порача македонскиот претседател.

Тактичката вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад" ја изведоа околу 800 припадници на АРМ во јачина на механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада, засилен со единици од бригадата, полкот за специјални операции и воздухопловната бригада и демонстрираа постапки, мерки и процедури и извршување на офанзивни операции со боево гаѓање на вакви поголеми состави. Овие единици беа во составот на средната пешадиска баталјонска група, која на 6 октомври по вторпат го заврши оценувањето согласно концептот на оперативни способности на НАТО-ниво 2.

Krivolak2

  Back<<Назад