Претседателот Иванов на церемонија на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински
Недела, 24 Септември 2017   

Kanonizacija_Rakotinski_001Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со сопругата г-а Маја Иванова, денеска присуствуваа на церемонијата на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински, што се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со светата божествена литургија на која архимандритот Јоаникиј Ракотински беше прогласен за светец,  чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на сите членови на Светиот архијерејски синод и свештенство од сите епархии.

Претходно, свечената литија започна од мостот „Гоце Делчев“  со пренесување на моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм во Скопје.

  Back<<Назад