Претседателот Иванов: Лидер е оној што предводи, што создава тимови и нуди решенија
Среда, 06 Септември 2017   

Mladi_lideri_PRM_webЛидер е оној што предводи, што создава тимови и нуди решенија. Во зависност од тоа колку ве следат, толку е вашата моќ да бидете лидери. Има многу луѓе, кои имале многу идеи, но немале следбеници. Тие што создаваат проекти и визии и кои ги следат, тие се предводници, тоа се лидери, им порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге  Иванов на учесниците 12 . Економскиот форум на млади лидери во Нови Сач, Полска, каде говореше како специјален гостин.

-Не барајте изговор дека вашето време допрва доаѓа, вашето време е сега. Сето ваше знаење и искуство што го имате треба да биде применето, бидејќи вашата генерација,  со животот на преминот од еден во друг милениум, создаде кај вас поединци кои се многу поинвентивни и покреативни од сите претходни генерации, рече македонскиот претседател во обраќањето пред младите лидери.

Во овој период на доминација на стравот друга идеја која може да ги мобилизира луѓето е идејата за надежта, рече Иванов, додавајќи  дека  надежта доаѓа од оние кои ја гледаат иднината од аспект на сегашноста. Така што вие не сте генерација на иднината, вие сте генерација на сегашноста, порача шефот на државата.

Напредок во технолошките иновации, растечката демографија, незапирливите миграции, рапидната урбанизација, климатските промени, посочи претседателот Иванов се дел од големите промени предизвиците со кои ќе се соочуваат младите, а најголемиот предизвик за тн. милениумците е преносот на идеите и вредностите од минатото.

- За разлика од претходните генерации, вие одбивате слепо да им верувате на авторитетите. Тоа е прв услов за критичко размислување. Вие не сте заложници на стереотипите и предрасудите на постарите генерации, рече македонскиот претседател.

Восхитен сум од вашата самодоверба, храброст и подготвеност да бидете социјално активни за бројни прашања, за кои претходните генерации не сакале да ги искажат своите ставови,  додаде македонскиот претседател. Но, глобализацијата доведе да се создаде генерација која е онлајн со виртуелниот свет, но офлајн со реалниот свет.  Затоа,  ве охрабрувам да го канализирате уникатниот потенцијал на вашата генерација за достигнување на трајните вредности, наместо минливите виртуелни илузии, порача претседателот Иванов. Mladi_lideri_PRM_web2

На прашањето што би направил тој да е на нивно место, претседателот Иванов ја посочи Школата за млади лидери, како негова лична иницијатива и инвестиција во образованието на младите.

- Пред неколку дена заврши осмата генерација на Школата. Во таа Школа досега поминаа и се стекнаа со лидерски вештини и знаења околу 320 млади луѓе од Македонија. Тоа е мојот влог во иднината,  истакна претседателот Иванов.

Како специјален гостин на Економскиот форум на млади лидери што се одржува по 12 пат, ќе се обрати и полскиот  премиер, г-ѓа  Беата Шидло.

Претседателот Иванов, вчера во Крињица-Здруј, учествуваше и се обрати на 27. Економски форум, и оствари билатерална средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

  Back<<Назад