Претседателот Иванов во Рим на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
Четврток, 25 Мај 2017   

bazilika_sv_kliment_01Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил", претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во Рим, ја посети базиликата „Свети Климент", каде што положи венец на гробот на Св. Кирил.

Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре", каде што во 2015 година на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ, беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Претседателот Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло", каде што положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.




  Back<<Назад