Свечено отворање на новиот објект на Македонската филхармонија
Недела, 21 Мај 2017   

filharmonijaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова присуствуваа на свеченото отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија.

Со концерт на Македонската филхармонија на која како солист настапи Симон Трпчески под диригентство на Владимир Ашкенази од Русија вечерва и официјално беше отворен новиот објект на Филхармонијата.

Новиот објект на Македонската филхармонија се протега на површина од 12.400 метри квадратни. Располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта.

Големата сала располага со најсовремени сценско технолошки системи што објектот го позиционираат во врвот на објектите од овој тип. Материјалите кои се употребени во големата сала и архитектонската пластика овозможуваат врвна акустика. Во составот на големата сала е содржано и студио со режија, опремено со комплетна, современа аудио и видео техника која ќе се користи за продукција и снимање на музичките настани. Во објектот се обезбедени сите предуслови за подготовка на програмата на институцијата, изградени се посебни простории за вежбање на солистите и индивидуалните групи, како и придружни и административни простории, сите функционално поврзани на три нивоа.
filharmonija1

  Back<<Назад