Новости
zlatno_slavejce_2
Прием за учесниците на 48-то издание на детскиот фестивал „Златно славејче“
Сабота, 17 Ноември 2018
PRM_Ivanov_Makron_01
Претседателот Иванов на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна
Недела, 11 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. На церемонијата каде што свое обраќање имаше Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германскиот канцелар, Ангела Меркел, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.

Ceremonija_100_godini_Prva_svetska_vojna_02


zname
Промовирана првата македонска офицерска сабја за почести во Кабинетот на претседателот Иванов
Четврток, 08 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на церемонијата на свечено менување на државното знаме ја врачи првата македонска офицерска сабја на Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски.

Промоцијата на првата македонска офицерска сабја за почести е по повод одбележувањето на 75 годишнината од Денот на баталјонот за почести во АРМ. Со првата македонска офицерска сабја за почести, гардиската единица на АРМ денеска го изврши свечениот чин на промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Автор на првата македонска офицерска сабја за почести е Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски, а сабјата е дизајнирана од страна на хералдичкиот уметник Стојанче Величковски.

Армиски претставник од Баталјонот за почести во АРМ, истакна дека сабјата ќе има церемонијално значење при пречекот на високи гости, на министри за одбрана, началници на генералштаби и во склоп на церемониите што ги организира АРМ.

zname2„Во рок од 6/7 месеци финализираше изработката на првата македонска офицерска сабја за почести. Работната група ги консултираше Воениот музеј, Архивот на МПЦ и на ИВЗ, соработувавме со Хералдичкото друштво и со хералдичарот кој го изработи дизајнот на сабјата. Соработувавме со Институтот по хемија при Природно математичкиот факултет каде што ни го доверија минералот лорандит да го вградиме во сабјата и со г. Чкартов кој ни даде еден примерок од рубинот кој е исто така вграден во рачката на сабјата. Сите елементи кога ги вклопивме и завршивме, резултираа со денешната прослава за промовирање на сабјата пред претседателот Иванов", рече тој.

Хералдичкиот уметник Стојанче Величковски, дизајнер на првата македонска офицерска сабја, рече дека идејата за вакво дело датира многу одамна и дека тој повеќе од 3 децении врши истражувања во областа на хералдиката.

„Направивме тим кој подолго време работеше на истражување на сите симболи што значат нешто за македонската историја, традиција и култура. Ја имав честа да го креирам симболот на војничката чест и да ги сублимираме во една визуелизација сите наши симболи. Пред се тука мислам на нашиот флорален симбол Quercus macedonica, којшто е аплициран во рачката и симболот на бесконечноста којшто е земен од златната маска од Требеништа. Целата таа композиција е адаптирана да ги претставува македонската историја, култура и традиција, затоа што самиот даб е симбол кој што покажува цврстина, доблест, традиција и истрајност, а сите тие атрибути прилегаат на нашиот македонски народ да бидат ставени во ваков симбол кој што денеска беше промовиран на свеченоста во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија" рече г. Величковски.

zname1Церемонијалната сабја е украсена со уникатен македонски рубин и реткиот минерал на лорандитот од рудникот Алшар. Декоративен орнамент на сабјата е златна ракавица, што по својата форма е во вид на преплет и претставува симбол на бесконечност, а во кружните форми што се образуваат последователно се јавува сонцето како симбол. Формата на штитникот на рачката е инспириран од македонскиот даб, додека неговите транспарентни сегменти ја симболизираат подготвеноста и стремежот на граѓаните на Република Македонија да изградат модерна и транспарентна армија која ќе го штити суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Во рамки на свеченото менување на државното знаме, на претседателот Иванов му беше подарена првата книга „Почесна гарда на АРМ" посветена на сите припадници на почесната гарда, чиј автор е потколковник м-р Иван Атанасоски, а чија промоција е по повод одбележувањето на Денот на баталјонот за почести и опслужување во АРМ.

На церемонијата при свечената промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот присуствуваа ученици од четири основни училишта од Скопје, ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци", ОУ "Кузман Шапкарев", ОУ „Ѓорѓија Пулевски" и од ОУ „Браќа Миладиновци", како и деца од градинката „Cool Kids".

Наставничката Анета Велковска, од ОУ „Браќа Миладиновци" од Скопје, потенцираше дека присуството на овој настан е од големо значење и практична примена по предметот Државно уредување на Република Македонија, додавајќи дека се обидуваат на учениците да им пренесат негување на свеста за љубов кон својата татковина, почит кон симболите на нашата држава, Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја, Република Македонија.

zname3

PRM_Istanbul_aerodrom_01
Претседателот Иванов на церемонијата на отворање на новиот аеродром во Истанбул
Понеделник, 29 Октомври 2018
premier_3
Претседателот Иванов на средби со чешкиот државен врв: Чешка е вистински пријател на Република Македонија
Петок, 05 Октомври 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, оствари средби со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент г. Милан Штех и г. Радек Вондрачек.

На средбата со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш, двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за унапредување на меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план.

Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија особено ја цени конзистентната и принципиелна поддршка од Чешка за нашите врвни стратешки цели - членство во НАТО и ЕУ, како и принципиелната употреба на нашето уставно име.

Претседателот Иванов уште еднаш изрази задоволство од севкупната соработка и поддршка од Чешка за време на бегалската и мигрантската криза.

„Посебно ја цениме соработката меѓу Македонија и Чешка поврзана со мигрантската криза и благодарни сме за доделената помош на македонската полиција за нејзино успешно менаџирање. Ваквата соработка претставува потврда дека Чешка е вистински пријател на Македонија" истакна на средбата претседателот Иванов.

Претседателот Иванов и премиерот Бабиш на средбата разменија информации и мислења во однос на бегалската и мигрантската криза.

pratenicki_dom_2Претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, г. Милан Штех и претседателот на Долниот Дом на Парламентот на Чешката Република, г. Радек Вондрачек, на средбите со македонскиот претседател изразија задоволство од развојот на билатералните односи и дадоа поддршка за остварување на македонските стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО.

Првите луѓе на чешкиот парламент изразија подготвеноста за јакнење на соработката меѓу парламентите на двете земји со цел унапредување на законската легислатива во областа на миграциите, како и размена на податоци и искуства во справувањето со мигрантската и бегалската криза.

На средбите беше искажана подготвеноста за продолжување на помошта од Чешка за Република Македонија на нашата јужна граница.

Со денешните активности Иванов ја заврши дводневната официјална посета на Чешката Република. Вчера во Прага македонскиот претседател оствари средба со чешкиот претседател Милош Земан, од каде беа испратени пораки за актуелната политичка состојба во Македонија.
senat_vecera_9

Rotator-CZ
Потребна е одговорност за неуспешниот референдум - претседателот Иванов во официјална посета на Чешката Република
Четврток, 04 Октомври 2018


PRM_Zeman_01Ако е многу ниска излезноста на референдумот тоа може да значи три работи: бојкот, незаинтересираност или лошо поставено прашање. Кое од овие три работи важи за Македонија тоа треба самите да си одговорат, порача претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан, на заедничката прес конференција со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република.

Претседателот Иванов истакна дека не можеме слободно да ги интерпретираме Уставот и законите, а тие јасно кажуваат што е успешен, а што неуспешен референдум.

- Фактот е дека ние имаме неуспешен референдум. Која и да е друга интерпретација не може да ги промени бројките кои се фиксни и се знаат. Затоа јас повикав на одговорност. На сите што ја посетија Македонија, а имавме многу странски претставници кои во изминатиов период ја посетија Македонија, им укажував дека до ова ќе дојде. Затоа што не може Европската Унија и НАТО да биде алиби за лош и штетен договор. Не можете да прифаќате договор во кој постои одредба дека ќе се оди на референдум, а вие да не обезбедите национален консензус во државата.  Не можете да прифатите промена на Уставот, без да обезбедите дво-третинско мнозинство во Парламентот. Затоа посочив дека за ова треба некој да одговара, а одговорноста се знае чија е. Што побргу дојдеме до одговорност, толку полесно можеме да го продолжиме овој процес кој е многу чувствителен, многу комплексен и кој ја држи Македонија веќе 27 години заложена од ирационални барања на нејзиниот јужен сосед, изјави македонскиот претседател.
PRM_Zeman_02
Во однос на членството во НАТО и ЕУ, претседателот Иванов истакна дека Македонија е жртва на двојни стандарди и дека Договорот со Грција не содржи гаранции дека истиот ќе се почитува од грчка страна и воедно потсети дека Грција не ја испочитува ниту Времената спогодба, ниту пак пресудата од Хаг.

- Во договорот нема гаранции. Тој договор е правен лично од премиерот, без да знае претседателот на државата. Ние како државен врв во Македонија сме изградиле национален консензус во изминатите години. Тоа било став и на претходните претседатели и во Собранието е донесена декларација во 2008-та. Ние прифаќаме решение, но никојпат не сме прифатиле промена на Уставот на Република Македонија за промена на уставното име,  изјави претседателот Иванов на новинарско прашање.

Запрашан за коментар за Договорот со Грција, претседателот Земан изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, но ги повика двете страни да продолжат со преговорите. - Тоа може да трае долго, но се надеваме дека овој спор ќе успеете да го решите, изјави Земан на прес конференцијата.

Двајцата претседатели разговарале и за можностите за продлабочување на соработката во сферата на безбедноста, при што Иванов се заблагодари за поддршката и помошта од Чешка за време на мигрантската и бегалската криза.

- Тоа е во интерес и на Чешката Република. Имајте во предвид дека одбраната на границата е важна не само за мигрантите кои минуваат. Денес веќе никој не одрекува дека меѓу мигрантите има и џихадисти и надворешни војници кои се враќаат во Европа.  Јас го поддржувам правото на Македонија да си ги штити границите. Тие не се само нејзини граници, туку се граници на цела цивилизирана Европа, изјави чешкиот претседател г. Милош Земан.

Двајцата претседатели на средбата разговараа и за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република.
PRM_Zeman_03

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 1 од 191