Акредитација за преставници на медиуми

Претставниците на медиумите, кои се заинтересирани да го проследат настанот, е потребно да се акредитираат со пополнување на приложениот формулар.

Пополнетиот формулар за акредитација, претставниците на медиумите треба да го достават најдоцна до 24 април 2018 година на следната е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Превземи документ

 


PRM

Светот се соочува со длабока трансформација. Се променија условите, но и правилата на играта. Државите од регионот на Балканот сами по себе немаат доволен капацитет за да излезат на крај со сите ризици и предизвици.

Процесот Брдо - Бриони го пополнува вакумот што во последно време се појави во регионалната соработка. Процесот ни овозможува декларативноста да ја замениме со конкретни проекти што даваат конкретни резултати, а формалноста со неформален, но искрен дијалог околу сите прашања што се важни за земјите од регионот.

Ние, претседателите, треба да ја вратиме меѓусебната доверба во нашиот регион, да овозможиме максимална соработка и меѓусебно поврзување. Со тоа ќе придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност и економски просперитет за целиот наш регион.

Не може да го смениме минатото, но заеднички можеме да ја смениме сегашноста, а со тоа и иднината.

                                                                                                        Д-р Ѓорге Иванов